Пикси: Тројца српски фудбалери колабираа на полувремето против Словенија

Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ, денеска се појави пред медиумите и соопшти дека тројца фудбалери на неговиот тим колабирале на полувремето против Слвенија поради високите температури.

Србија ќе игра против Данска за пласман во вториот круг на ЕВРО 2024, откако Лука Јовиќ ги извлече од бездната и донесе реми, 1-1. Србите имаат потреба од победа, а селекторот Драган Стојковиќ Пикси е убеден дека неговиот тим е способен да го совлада фаворизираниот ривал.

„Тука ниту една селекција не смеете да ја потцените. Сѐ е тоа еден гол плус или минус, играта е цврста. Ми се допаѓа што сме натпреварувачки настроени и не се предаваме“, рече Стојковиќ и се осврна на вчерашниот меч.

„Вчера бевме доминантни, статистиката покажува дека сакавме да играме офанзивно. Можеме да бидеме горди на момците, тие навистина сакаат да се борат. Не е лесно да се игра. Вчера натпреварот се играше во 15 часот и на полувремето тројца играчи колабираа. Беше тешко да се трча, но се бореа, особено по примениот гол. Мотивацијата за Данска нема да недостасува. Со помош од трибините сакаме да дојдеме до триумф и пласман понатаму“, истакна Драган Стојковиќ.

 

- Оглас -

Најнови вести