Македонскиот фудбалски првак Струга Трим Лум го промовираше некогашниот репрезентативец Кире Ристевски како најново засилување во летниот преоден рок. Ристевски во минатата сезона настапуваше во Кипар за тимот на Ерникос Ахна, а сега се согласи да потпише двегодишен договор со актуелниот македонски шампион.
Одлично фудбалско искуствно има Ристевски зад себе. Дефанзивецот дури 60 пати го носеше дресот на македонската репрезентација, а на клупски план започна родната Битола во тимот на Пелистер, за потоа да игра и во Работнички, Елбасан (Албанија), Билиш (Албанија), Тирана (Албанија), Славија Софија (Бугарија), Васаш (Унгарија), Ујпешт (Унгарија), АЕЛ Лимасол (Кипар) и Пјуник (Ерменија).