Австрија поведе, но Полска и без Левандовски не се предава (Видео)

Австрија и Полска играат 1:1 по првото полувреме, на меч од второто коло во групната фаза од Европското првемство. Австриците започнаа офанзивно и тоа им се исплатеше со голот на Трауер. Дефанзивецот кој не беше стартер на првиот меч, сега се најде меѓу стартите 11 и постигна гол со глава.

Полска која го загуби првиот меч од Франција со 2:1, тргна да израмни и тоа го направи по точно половина час игра кога Пјонтек погоди за 1:1. Полска и на овој меч, на теренот е без Роберт Левандовски, кој е резерва и останува да видиме дали ќе влезе во вториот дел кога Полска треба да се обиде да стигне и со три бода.

- Оглас -

Најнови вести