Во исчекување на казната која ќе ја добие албанскиот фудбалер Мирлинд Даку за скандалозните навреди кон Македонија и Србија, се јавија од албанската федерација, изјава даде и неговиот татко, но се појави и ново видео на кое јасно се гледа дека тој ја пцуе нашата земја.
„Албанската фудбалска федерација го признава неодамнешниот инцидент со нашиот играч Мирлинд Даку, кој се случи по натпреварот на ЕП 2024 меѓу Албанија и Хрватска. Разбираме дека во жарот на спортските натпреварувања емоциите растат, постапките на Мирлинд беа жална реакција на една исклучително напната ситуација. Мирлинд веќе изрази длабоко каење за своите постапки и упати јавно извинување. Тој ги разбира последиците од неговото однесување и ја презеде целосната одговорност. Овој инцидент не го одразува неговиот карактер или вредностите до кои ние како федерација се придржуваме“, стои во соопштението на федерацијата.
Таткото на албанскиот фудбалер, Фехми Даку, негираше дека Мирлинд викал „убиј го Србинот“ и рече дека неговиот син многу се дружел со Србите во руски Рубин Казан каде што игра, но не ја спомна Македонија.
„Мојот син не кажал такви работи како што пошуваат медиумите. Мирлинд е само емотивен и експлозивен. Тоа го направил ненамерно и веќе побарал прошка од оние кои се повредени поради ова. Ќе ни биде многу тешко доколку Мирлинд биде дисквалификуван, но не верувам дека ќе се збогува со ЕВРО 2024. Погрешно е да се повикува на убивање Срби! На сите им е познато неговото однесување како фудбалер. Тој е многу добар, но ова е негово прво ЕП во кариерата – сето тоа се емоции. Тој се дружи во Рубин со Србите најмногу со Вујачиќ“, изјави Фехми Даку.
Ова е видеото после кое нема никакви дилеми што скандираше Даку:
Mirlind Daku chanting F*uck Serbs & F*ck Macedonians #Albania #Sebia #Macedonia #euro24 pic.twitter.com/61m7WdgPjz
— Berdio (@Berdio7) June 21, 2024