Го имаме најголемиот киксер на ЕП (Видео)

Репрезентацијата на Чешка разочарана си замина по дуелот против Грузија откако одигра само 1:1. По два меча Чешка има само еден бод и сега е далеку од пласман на позиција која носи место во нокаут фазата на континеталниот собир.

Чешка беше фаворит пред дуелот против Грузија, но на крајот може да биде задоволна и со еден освоен бод. Грузија водеше со гол постигнат од пенал, откако дефанзивецот на Чешка, Робин Хранац несмасно играше со рака во шеснаесетникот.

За Хранац ова е трет голем дефанзивен кикс на ЕП, кој се „наплатува“ со примен погодок. Овој играч од одбраната два пати згреши и во првото коло кога Чешка загуби со 2:1 од Португалија. Тогаш, Хранац прво си постигна автогол, а потоа во 93 минута несмасно реагираше и буквално му ја намести топката на Консеисао да погоди за победа на Португалија за 2:1.

Двата кикса на Хранац на мечот против Португалија може да ги видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести