Чешкиот голгетер го надмина рекордот на Драган Џаиќ

Полска остана само со теоретски шанси за пласман во нокаут фазата на ЕП, откако одигра само 1:1 против Грузија. Патрик Шик беше стрелец на голот за Чешка со кој израмни на 1:1. Голгетерот на Чешка имаше многу среќа, но беше и вешт, па откако топката удри во стативата, се одби до Шик, кој ја смести во мрежата на Грузија.

Со овој гол Шик изби на второто место на една интересна статистика. Во седмиот меч кој го одиграл на ЕП, Чехот се израдува на шестиот гол и се искачи на второто место на веччната листа на играчи кои имаат барем пет одиграни средби и просекот на постигнати погодоци.

Со шест гола од седум дуели Шик има 0,86 отсто погодоци на меч, оставајќи го зад себе легендарниот југословенски фудбалер Драган Џаиќ кој имаше четири погодоци во пет меча (0.80 отсто).

Прв на оваа листа е легендарниот Мишел Платини кој во само пет натпревари има постигнато дури девет голови, односно 1,8 погодоци на натпревар. Овој рекорд тешко дека некој во блиска иднина ќе може да го сруши.

- Оглас -

Најнови вести