Капитенот на Реал не одолеа на парите од Саудиска Арабија

Актуелниот шпански и европски првак Реал Мадрид ќе остане без својот капитен, Начо Фернандес. Искусниот 34-годишен дефанзивец потпиша двегодишен договор со тимот на Ал Кадсија во Саудиска Арабија.

Првично Начо демантираше дека ќе се пресели во Саудиска Арабија, но сепак понудата која му гарантира 10 милиони евра по сезона не можеше да ја одбие.

Начо целата досегашна кариера ја помина во Реал Мадрид, со кој освои дури шест титули во Лигата на шампиони. Тој има и 25 настапи за репрезентацијата на Шпанија, а може да се пофали и со еден постигнат гол.

- Оглас -

Најнови вести