Внимавајте! Кардиф никако не е да се одигра „кец“

Кардиф води тешка борба за опстанок во англиската Премиер лига. По 27 меча, тимот од Велс е на 17-тото место, кое е последно што нуди спас од испаѓање, но има само еден бод повеќе од 18-то пласираниот Саутхемптон. Кардиф вечерва игра на свој терен против Евертон, тим кој е во лоша форма.

„Карамелите“ имаат три порази во низа, што е добар знак за Кардиф дека може да ги освои трите бода. Сепак, една традиција вели дека Кардиф не треба многу да се надева на успех. Кога овој тим игра во средината на неделата (вторник, среда, четврток), никогаш не се радувал во Премиер лигата. Во девет меча досега на Кардиф во овие три дена билансот му е три ремија и дури шест порази.

Тоа што е уште поинтересно, во тие девет меча Кардиф дал само два гола, што значи дека не само што нема победа, туку речиси и нема да даде гол. Домаќините ќе имаат шанса против Евертон да ја срушат оваа традиција, но сепак овој податок е за предупредување.

 

- Оглас -

Најнови вести