На сите им олесна: Барнабас Варга е свесен после жестокиот судир со шкотскиот голман

Унгарскиот репрезентативец Барнабас Варга е свесен и комуникативен, но, сепак, ќе замине на детални лекарски прегледи, информираат од Фудбалската федерација на Унгарија. Тој имаше жесток судир со шкотскиот голман во 68.минута и во тие моменти остана неподвижен на теренот.

Беше навистина потресна слика, Варга беше изнесен на носилки, а капитенот Доминик Шобошлаи и соиграчите останаа во солзи поради неговата повреда.

Сепак, на крајот најверојатно сѐ ќе заврши добро, затоа што Барнабас Варга е во добра состојба, свесен е и комуникативен.

- Оглас -

Најнови вести