Мечевите од третото коло на Европското првенство се кулминација на тоа што се случува во групната фаза. Многу желби, многу комбинации за тоа кои екипи ќе продолжат во битката за освојување на континенталниот трон.
Еден од оние мечеви кои привлекуваат најмногу внимание е меѓу Словачка и Романија. Овие селекции не се од самиот фудбалски крем, но комбинацијата која во игра ги остава двете репрезентации ги прави да се во фокусот на вниманието.
Словачка и Романија имаат по три бода од првите два меча и со нерешен резултат во меѓусебната пресметка им обезбедува место во осминафиналето на двете.
Данут Лупу, кој е некогашен репрезентативец на Романија вели дека веќе е договорено да биде нерешено.
„Ќе се квалификуваме во осминафиналето. Против Словачка ќе биде нерешено. Договорено е. Ќе биде штета за двете селекции ако тоа не го искористат. Зошто да се ризикува? Со нерешен резултат и двете репрезентации одат понатаму“, вели Лупу за медиумите во Романија.
Низ историјата на ЕП не е непознато тоа дека селекции калкулираат со резултатот за да имаат корист. Пред точно 20 години Шведска и Данска требаше да одиграат 2:2 во последното коло за двете земји да одат понатаму, а да испадне Италија, па за чудо на крајот Пведска и Данска навистина одиграа со резултат 2:2.