Доаѓа ли крај на доминацијата на ПСЖ? Саудијците го купуваат осумкратниот француски првак

Реномираниот француски клуб Монако во брзо време треба да добие нов газда и тоа од Саудиска Арабија. Осумкратниот француски првак веќе неколку недели е на продажба, а во последните неколку дена се интензивираат преговорите со саудискиот инвеститор.

Дел од деталите веќе се појавија во јавноста. Реномираниот весник „Лекип“ објави дека веќе е договорено на чело на целиот проект да биде Луис Кампос. Тоа ги шокираше челниците на ПСЖ, затоа што токму Кампос е еден од главните луѓе во раководството на овој клуб.

Кампос моментално е задолжен за стратегијата на ПСЖ, а претходно беше и функцијата спортски директор, што значи дека ги знае сите тајни на Светците. Искусниот 59-годишен Португалец во Монако треба да биде претседател на клубот и ќе добие „одврзани раце“ да успее да го однесе тимот од Кнежевството до европскиот крем.

ПСЖ повеќе од една деценија доминира во францускиот фудбал и освои 11 од последните 13 титули. Единствено Лил и токму Монако успеаа да откраднат по една титула од ПСЖ. Интересно е дека Кампос во минатото има работено во Монако каде беше технички директор и спортски директор, па летово се очекува да се врати во неговиот екс клуб.

- Оглас -

Најнови вести