Меси на својот 37-ми роденден порача: Бог ме избра мене, давам максимум за да го искористам подарокот!

Аргентинската фудбалска икона, Лионел Меси, денеска наполни 37 години, и даде едно интервју во кое говореше за тоа како му било пишано да стане успешен.

„Почнав да играм кога имав 3-4 години. Тогаш не знаев за светските првенства. Ја засакав оваа игра, како и многу други Аргентинци. Не си поставив никакви цели, само се забавував. Но, уште од мали нозе ми велеа дека сум посебен. Луѓето дојдоа да ме видат. Бог ме избра мене и ми го даде овој подарок. Јас го искористив тоа. Направив се што можев за да го извлечам најдоброто од него“, изјави Меси, од кого Аргентинците очекуваат да ги предводи до уште една титула на Копа Америка, првенството на Јужна Америка кое е во тек.

- Оглас -

Најнови вести