Познат првиот осминафинален пар: Италија доби шанса да се одмазди на „душманот“ поради кој не отиде на СП во Катар

Швајцарија ќе игра против Италија на 29 јуни од 18 часот во меч од осминафиналето на Европското првенство. Ова стана јасно откако Аѕурите го освоија второто место во Б групата, а Швајцарија заврши како втора во А групата.

Соседните земји имаат бурена историја кога се работи за меѓусебните дуелите. Од последните шест дуели на овие ривали, дури пет пати било нерешено, а Италија има една победа и таа беше на ЕП 2020 во групната фаза (триумф од 3:0).

Овие ривали беа во иста група во квалификациите за пласман на СП 2022 година, каде се случи вистинска драма.  Двата меча завршија нерешено, а на двата дуели Италија преку Жоргињо промашуваше пенал.

Посебно драматично беше на „Олимпико“ во Рим кога Италија требаше да победи за да биде прва во групата, но при резултат 1:1, Жоргињо промаши пенал за победа и тоа во 90 минута. Истиот играч утна пенал и на дуелот во Швајцарија. По таквиот расплет, Швајцарија замина на СП во Катар како прва во квалификациите, а Италија мораше да игра бараж во кој доживеа кошмарен пораз од Македонија во Палермо со 0:1 и не се пласираше на Мундијалот.

Сега Италија добива шанса да се „одмазди“ за неуспешните два меча во квалификаците за СП 2022 против Швајцарија.

- Оглас -

Најнови вести