Екипата на Костарика го приреди најголемото изненадување во досегашниот дел од турнирот на Копа Америка откако одигра без голови против еден од најголемите фаворити за трофејот, селекцијата на Бразил. Кариоките во сите досегашни мечеви кога и да играл против Костарика, секогаш победувал, но ноќеска не успеа да го скрши бункерот на противникот.
Единствена тактика на Костарика беше да се брани и го постави популарниот „автобус“ во одбраната, кој бразилците не успеаа да го поминат. Бразил имаше еден поништен погодок поради офсајд, еднаш ја погоди стативата, создаде многу шанси, а на крајот залудни беа 19-те шута кон противничкиот гол, деветте корнери што ги изведе и 74 отсто посед на топка.
Овој меч од трибините го следеше и Нејмар, кој едноставно не можеше да верува што се случува и постојано се држеше за глава.
https://twitter.com/i/status/1805466974647943455
Во вториот меч од оваа, Колумбија со 2:1 го победи Парагвај. Фаворитот уште во првото полувреме постигна два гола, а потоа Парагвај во вториот дел даде почесен погодок.