Македонскиот фудбалски прволигаш Воска спорт кој сезонава играше финале на Купот, објави дека има нов главен тренер и дека ќе има драстично поинаков играчки кадар од минатата сезона.
Многу фудбалери си заминаа, а раководството на Воска потврди дека ќе настапува со комплетно изменет тим и со нов тренер.
„Екипата на Воска спорт на 27-ми јуни во Охрид ќе ги започне подготовките за новата сезона. Овие подготовки ги започнуваме со многу промени. Во новата сезона тимот ќе го предводи Сеит Крека, кој досега беше помошник на шефот на стручниот штаб, Срѓан Захариевски. Покрај промената на клупата, тимот има промени и во делот на играчот, каде ќе имаме целосно нова формација во новата сезона.
Воедно, сакаме да им се заблагодариме на сите играчи, тренери и останатиот тимски кадар кои изминатиот период служеа и придонесоа за Воска, посакувајќи им успех во иднина“, порачаа од клубот.