Прва фотографија на Варга од болница, Унгарецот имаше тешка повреда на лицето (Фото)

Унгарскиот фудбалер Барнабаш Варга кој настрада (скршеница јагодична коска и потрес на мозокот) во еден дуел со противничкиот голман за време за мечот со Шкотска на ЕП во Германија, беше опериран, а се појави и прва негова фотографија од болницата.

Во посета му дојдоа девојката, селекторот Марко Роси со некои од неговите соработници од стручниот штаб и соиграчот од националнилт тим, Ендре Ботка.

Варга беше во позитивно расположение, позираше со кренат палец, и сега му претстои период на рехабилитација и закрепнување.

- Оглас -

Најнови вести