Минхен и Келн се градовите каде вечерва ќе се играат натпреварите од групата Ц. Во Минхен, Србија мора да дојде до победа против Данска, ако сака да се пласира во осминафиналето на Европското првенство.
Селекторот Драган Стојковиќ направи одредени промени во тимот и се реши за следните стартери: Рајковиќ – Павловиќ, Миленковиќ, Вељковиќ – Гудељ, Илиќ -Живковиќ, Мијаиловиќ – Самарџиќ, Лукиќ, Митровиќ.
Данска се чини дека е во својот најдобар, со Шмајхел на голот, како и Андерсен, Кристенсен, Вестергард – Бах, Хојбјерг, Хјулманд, Меле, Ериксен – Хојлунд, Винд.
Англичаните ќе бараат триумф против Словенија во Келн, а Герет Саутгејт се реши за следниот тим: Пикфорд – Вокер, Стоунс, Гуехи, Трипие – Галахер, Рајс, Фоден, Белингем – Сака, Кејн.
Словенците, сепак, нема лесно да се предадат против фаворитот. Матјаж Кек се определи за следниот тим: Облак – Јанжа, Бијол, Дркушиќ, Карничник – Млакар, Елшник, Черин, Стојановиќ – Шешко, Шпорар.