Словачка и Романија нема да ризикуваат, ќе си одиграат нерешено

6871 Украина – Белгија (18.00 часот)

Украина е во непријатна позиција, и само со победа над фаворитот Белгија може да оди понатаму, ремито веројатно нема да им биде доволно, поради лошата гол-разлика. Во оваа група можно е и сите четири тима да завршат со по 4 бода, а и тоа не е во прилог на Украинците. Белгија и со реми оди понатаму, но ако изгуби, може и да испадне, во случај Романија да остане непоразена против Словачка.  Во првите две кола, Украина одигра мечеви со три голови, а Белгија неефикасно со 0-2 гола, дури три гола на Црвените ѓаволи, сите на Лукаку, беа поништени по интервенција на ВАР.

Предлог тип: 2 & 0-3 (2.40)

 

6872 Словачка – Романија (18.00 часот)

Ова е меч на кој нерешено им одговара на двата тима. Словачка на двата меча даде по еден гол, а Романците беа многу понепредвидливи и променливи, прво дадоа три, а потоа ниту еден гол. Романија ќе биде прва или втора ако победи или ремизира. Но, ако загубат, а и Украина не загуби од Белгија, тогаш Романците се во аут. Словаците имаат добри шанси да одат понатаму, макар и како една од најдобрите трети, а тоа ќе им успее ако останат непоразени. Тие испаѓаат ако загубат, а Белгија да освои бод или три. Последните три меѓусебни дуели им завршувале нерешено, но тоа биле пријателски мечеви играни одамна.

Предлог тип: Х (2.05)

 

3564 РФС – Валмиера (19.00 часот)

Тимот Ригас футбола школа или скратено РФС, во моментов е првопласиран во летонската лига, со 47 бодови после 19 кола. РФС се истакнува со својата ефикасност, има дадено 54 гола на 19 средби, што е просек од 2,8 погодоци по натпревар. Валмиера која има серија од седум победи по ред, е на трето место, па ова е дерби дуел. РФС на домашен терен, од април наваму секогаш дава барем два гола, а последен пат кога не успеаја беше во поразот во март токму од Валмиера во второто коло сезонава. Валмиера има три победи по ред против РФС, па домашните против себе ќе ја имаат традицијата.

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.50)

 

6873 Чешка – Турција (21.00 часот)

На Чесите им треба победа за сигурен пласман во следната фаза. Со нерешено, Чешка може да биде трета, но тоа не им гарантира место во осминафиналето, ако Грузија не победи. Чесите со пораз одат дома, иако би завршиле на трето место во својата група. За Турците е јасно дека ќе го освојат второто место во групата со победа или реми. Со пораз, може и да испаднат, ако Португалија киксира против Грузија. Кај Турција суспендиран е Бардакчи, кај Чешка повреден е Шик, па и двата тима ќе бидат ослабени. Чешка во првите две кола и даваше и примаше гол, тоа може да се повтори и денеска.

Предлог тип: 30-90 мин. (2.21)

 

6874 Грузија – Португалија (21.00 часот)

Португалија е сигурно прва во групата, може да одмори дел од ѕвездите кои го носат најголемиот товар. Грузија само со победа против Португалија ќе оди во осминафинале, можеби како третопласирана. Со реми, Грузија може да биде трета, но може и да извиси, а со пораз, сигурно се враќа дома. Кај Португалија ќе го нема суспендираниот Рафаел Леао.

Предлог тип: 1+I & 3+ (1.90)

- Оглас -

Најнови вести