Мексико и Венецуела одлично започнаа на Копа Америка и победија во првото коло, па со по три бода на контото го чекаат меѓусебниот дуел. Низ историјата, овие две селекции имаат одиграно многу средби, а на последните 11, традицијата вели дека треба да ма многу голови.
Дури седум од последните 11 дуели завршиле со 4+ погодоци, а дури пет пати во овој период Мексико победувал со 3:1. Мексиканците се многу подобри со седум победи, Венецуела се радувала само еднаш, а три пати било нерешено. Победникот одо овој меч ќе има сигурен пласман во нокаут фазата од континенталното натпреварување.
Во вториот полноќен дуел за вечерва, Еквадор и Јамајка играат за да останат во игра за следната фаза. Според квалитетот на двата тима, Еквадор е голем фаворит за победа, но тоа треба да биде потврдено и на теренот.