Претседателот на Србија, Александар Вучиќ го коментираше испаѓањето на неговата репрезентација во групната фаза од Европското првенство. Србија заврши последна во групата без ниту една победа и со само еден постигнат гол.
Вучиќ кој е во Брисел реши да даде своја анализа и коментар за ЕП. „Се согласувам дека ова е дебакл. Точно дека ова е спорт, но ние имаме инвестирано многу пари за тој спорт. Луѓето во Србија заслужуваат подобар резултат. Не е проблем да се загуби од Англија која е лоша, не е проблем да се загуби од Германија или Шпанија. Проблем е кога ќе загубите од Словенија чија репрезентација вреди три пати помалку од тимот на Србија и играч кој добива 5.000 евра плата во Целје ќе ви даде гол, затоа што нема кој да го чува“, разочарано коментираше Вучиќ, кој додаде дека Србија не е „банана“ држава.
Поради неуспехот и испаѓањето на Србија во нокаут фазата се очекува да настрада селекторот Драган Стојковиќ-Пикси кој е под голем притисок дека треба да си замине од функцијата.