Групната фаза на Европското фудбалско првенство заврши. Од 24-те селекции кои беа дел од континенталниот собир, остануваат најдобрите 16 да се борат во трката да стигнат до континталниот трон.
Според направениот распоред и завршувањето на групите, познати се и сите осум парови во првата нокаут фаза, па ќе има интересни дуели и тоа меѓу:
Швајцарија – Италија 29 јуни (18 часот)
Германија – Данска 29 јуни (21 часот)
Англија – Словачка 30 јуни (18 часот)
Шпанија – Грузија 30 јуни (21 часот)
Франција – Белгија 1 јули (18 часот)
Португалија – Словенија 1 јули (21 часот)
Романија – Холандија 2 јули (18 часот)
Австрија – Турција 2 јули (21 часот)