По комплетирањето на групната фаза на Европското првенство се дознаа најдобрите 16 селекции кои останаа во трка за трофејот на контиеннталното натпреварување. Веќе се познати осминафиналните дуели, а со тоа пресметани се и коефициентите која репрезентација какви шанси има во понатамошниот дел од турнирот.
Како прв фаворит уште е Англија, која за да игра во полуфиналето има квота од 1.65. Гордиот Албион да стигне до финалето е со коефициент 2.50, а да го освои трофејот се вреднува со 4.75.
Од сите 16 земји кои останаа, покрај Англија уште четири селекции се издвојуваат како фаворити и тоа, Франција, Германија, Шпанија и Португарија, кои имаат едноцифрени квоти за да бидат европски прваци.
Во продолжение може да ги видите понудите за сите селекции какви шанси имаат за да играат во полуфиналето, во финалето и да бидат шампиони.