Тим од втора лига во Србија ќе продаде играч директно во Њукасл

Фудбалскиот клуб Единство од Уб се подготвува за историската прва сезона во најсилното натпреварување во Србија. Единство се избори за пласман во Суперлигата, а можно е летово токму овој клуб да продаде фудбалер директно во Премиер лигата.

Се работи за тинејџерот Миодраг Пиваш кој е роден 2005 година, а игра во дефанзивната линија. Минатата сезона Пиваш одигра 35 меча за тимот на Единство, а се најавува како наследник на Немања Видиќ и Бранислав Ивановиќ кои имаа блескави кариери во Англија.

Њукасл е тимот кој се интересира за доведување на српскиот тинејџер и во следните денови треба да биде комплетиран трансферот.

„Голем талент и сериозен потенцијал. Ако продолжи да работи го очекува патот кон репрезентацијата. По мое мислење, ваков фубалер кај нас се нема појавено уште од времето на Немања Видиќ и Бане Ивановиќ. Комплетен играч, врвен професионалец“, задоволно коментира Немања Матиќ кој истотака имаше забележителна кариера во Премиер лигата, а сега е дел од тимот на Единство Уб.

Не се знае колку пари Единствво ќе заработи од овој трансфер, но секако ќе биде историски за тим кој од втората српска лига ќе продаде фудбалер во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести