Искусниот и трофеен шпански одбранбен фудбалер, Начо Фернандез, потпиша двегодишен договор со новиот саудиски прволигаш Ал Кадсија.
Начо досега целата клупска кариера како младинец и сениор играше за Реал Мадрид, дури 23 години мина во клубот, па чудно ќе биде да се гледа во дрес кој не е на Кралскиот клуб.
Ако ништо друго, дресот на Ал Кадсија потсетува на тој на шпанската репрезентација за кој Начо игра и на ЕП 2024, а и во новата клупска средина Начо ќе го носи омилениот дрес со бројот 6 на грбот.