Ван Дајк предупредува: Ако вака продолжиме, нема што да бараме на ЕП

Репрезентацијата на Холандија само со една победа помина во нокаут фазата. Лалињата триуфираа против Полска со 2:1 потоа ремизираа без голови против Франција, а чудно ни вистинито, Австрија со 3:2 ја победи Холандија.

Токму поразот од Австрија беше сигнал да се запали алармот дека Холандија мора да игра многу подобро, посебно во нокаут фазата.

Секако дека ги сфаќам критиките кои се на наша сметка. Не сум будалла, самиот знам дека можеме да играме многу подобро. Против Австрија не одигравме на високо ниво. Еднставно потфрливме на базичните елементи. Не се работи дека имавме погрешна тактика. Немаше волја за победа. Немаше дуел за топката.За тоа не се зборува на тренинг, тоа се работи на теренот. Можеби се преценивме и мечот против Австрија ни ги отвори очите. Ако продолжиме така, нема што да бараме на ЕП“, вели капитенот на Холандија, Вирџил Ван Дајк.

Холандија на 2 јули ќе игра против Романија во нокаут фазата .

- Оглас -

Најнови вести