Холандскиот пилот кој вози за тимот на Ред Бул и актуелен шампион во Формула 1, Макс Ферстапен, ја освои пол-позицијата на квалификациите на патеката во Австрија и на утрешната трка во Шпилберг ќе тргне како голем фаворит и за победа.
Ферстапен на убедлив начин триумфираше во квалификациите, имаше за дури 404 илјадитинки подобро време од вториот Ландо Норис од Мекларен.
Од вториот ред ќе тргнат Џорџ Расел од Мерцедес и Карлос Саинс од Ферари, па на првите четири места се пилоти од четири различни тимови што може да биде најава за интересна трка за второто место.
Шарл Леклер имаше солидно време и сигурно ќе беше подобро пласиран од шестото место кое го освои на крај, но излета од патеката. Оскар Пјастри имаше трето време, но беше казнет, и утре ќе стартува како седми.