Репрезентацијата на Швајцарија е првиот четвртфиналист на Европското првенство, откако го елиминира актуелниот европски првак Италија, победувајќи со 2-0 во осминафиналната пресметка во Берлин.
Аѕурите не покажаа речиси ништо, освен тотална немоќ пред противничкиот гол, но и во играта во поле, а што е за нив чудно, не умееја ниту да се бранат добро.
Ремо Фројлер ја доведе Швајцарија во водство во 37.минута со силен удар од десетина метри.
На почетокот на вториот дел, Рубен Баргас со прекрасен удар вторпат го совлада Џанлуиџи Донарума во 46.минута и тогаш веќе беше јасно дека Италија тешко ќе се врати во овој меч.
Смакака се обиде да ја врати надежта во 76.минута, но го погоди дирекот од голот на Швајцарија.
Во четвртфиналето, Швајцарија ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Англија и Словачка.