Германија и Данска имаа дополнителни тешкотии поради лошите временски услови во првото полувреме во Дортмунд, судијата Мајк Оливер привремено и го прекина мечот поради грмотевици, а на крајот двете селекции заминуваат на одмор без постигнат гол. Второто осминафинале засега е на почетниот резултат на фудбалски план.
На почетокот, во четвртата минута, Нико Шлотербек постигна гол со удар со глава, но не беше признат поради прекршок во напад.
Германците стартуваа фуриозно, но Данска успеа да одолее на почетниот притисок, потоа се заканија преку Ериксен од слободен удар, кој, сепак, го погоди живиот ѕид.
Каи Хаверц имаше шанса на спротивната страна, но не беше прецизен, а пред истекот на првиот дел и Хојлунд се закани, но германската одбрана расчисти во последен момент.