На Словаците им одговара кога се аутсајдери, но денес им завршува патот на ЕВРО 2024

2507 Викинг – Розенборг (15.00 часот)

На некогашните норвешки шампиони, сезонава не им цутат розите. Розенборг има само 14 бодови од 11 одиграни натпревари, со негативна гол-разлика е, а Викинг е нешто подобар, има пет бода плус во однос на гостите од Трондхајм. Викинг во последните пет кола освои 10 бода, а Розенборг после серијата од два порази по ред, сега има два меча без пораз. Викинг четири кола по ред игра мечеви со 3+ голови, додека Розенборг има пет средби едноподруго со даден и примен гол. На последниот нивен дуел, кој беше пријателски, Викинг му даде пет гола на Розенборг, и му врати за декемврискиот меч од лигата кога Розенборг со 5-1 го разби Викинг.

Предлог тип: ГГ & 3+ (1.70)

 

6814 Англија – Словачка (18.00 часот)

Англичаните се огромни фаворити против Словачка, и ако нема големо изненадување, тогаш тие би требало да се сретнат со Швајцарија во четвртфиналето на ЕП. Словаците во групната фаза го добија мечот со Белгија кој на хартија требаше да им биде најтежок, и покажаа дека добро се снаоѓаат кога се во улога на тотални аутсајдери. Англичаните не блескаат, сите три меча во групната фаза им беа со 0-2 гола. Словачка на сите три меча поведуваше со 1-0, а ни Англија ниеднаш не беше во ситуација да губи со 0-1.

Предлог тип: 1 & 0-3 (1.90)

 

6815 Шпанија – Грузија (21.00 часот)

На Грузијците не им се даваат многу шанси според квотите, а има и зошто. Шпанија не прими ниту еден гол во „групата на смртта“ каде се соочи со незгодни ривали, играше добро и победуваше прилично лесно. Грузија до осминафиналето дојде благодарение на победа над немотивираната Португалија. Грузијците имаат непријатни сеќавања од двата меча со Шпанија во квалификациите за ова ЕП, вкупната гол-разлика на тие два меча е 10-2 за Црвената фурија, и вечерва ќе „гризат“ со сите сили за му дадат што е можно посилен отпор на фаворитот. Ова се два тима кои беа поефикасни во прво отколку во второ полувреме. Победникот од овој двобој во четвртфиналето игра со Германија.

Предлог тип: 1 & 2+ пол. (2.60)

 

4905 Гремио – Флуминенсе (21.00 часот)

Ова е дуел на два големи бразилски клубови кои сезонава се најголеми разочарувања и се наоѓаат на последните две места на табелата. Гремио има 7 бода на 10 меча и само седум дадени голови, а Флуминенсе кој во 2023 беше првак на Јужна Америка, катастрофални 6 бода во 12 кола.  Во двата тима има познати имиња на светскиот фудбал, но Диего Коста од Гремио е повреден, Марсело и Даглас Коста од Флу не се во топ форма, Тијаго Силва уште не дебитирал. Традицијата е на страна на Гремио кој има шест победи по ред во дуелите со тимот од Рио де Жанеиро, сите победи беа минимални со еден гол разлика.

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.80)

 

1290 Викингур Рејкјавик – Фрам (21.15 часот)

Викинзите се лидери на табелата во исландската лига, во 13 кола имаат девет победи и само еден пораз, но и дури три ремија во последните пет кола. Ефикасен тим се, со 32 постигнати голови на три средби, додека Фрам во 12 кола има ист број на победи, порази и ремија, и ист број дадени и примени голови. Во последно време, Фрам редовно игра мечеви со ГГ и 3+ голови. Последниот меѓусебен дуел на овие екипи беше во април, Викингур победи со 1-0.

Предлог тип: Т1 1-3 I & 1-3 II (1.84)

- Оглас -

Најнови вести