Даглас Луис пристигна во Јувентус

Бразилскиот интернационалец Даглас Луис е нов фудбалер на Јувентус, објави италијанскиот калчолигаш. Тој потпиша договор до јуни 2029 година, а „старата дама“ на Астон Вила ќе и плати 50 милиони евра на неколку рати.

„Среќен сум што доаѓам во гигант како Јувентус и едвај чекам да почнам со работа во новиот клуб. Се радувам на првата средба со навивачите и верувам дека ќе успееме заедно да ги исполниме целите на клубот“, изјави Даглас Луис.

Како дополнителен дел од трансферот, двајца млади фудбалери од Јувентус се селат во премиерлигашот од Бирмингем. Самуел Илинг јуниор и Енцо Баренечеа во иднина ќе бидат членови на Астон Вила, со вкупна вредност од 22 милиони евра, како дополнителен дел од пакетот.

 

- Оглас -

Најнови вести