Репрезентацијата на Словачка беше на прагот од првокласна сензација и елиминација на најголемиот фаворит за освојување на Европското првенство, Англија, но од таков успех ја делеа само 60-тина секунди. Шранц во 25-тата минута погоди за водство, а на 1-1 израмни Белингам во 95-тата, па во првата минута од продолженијата Кејн ја донесе победата за Англија.
„Се чувствувам горд, одигравме голем натпревар против селекција која е еден од фаворитите за титулата. Многу малку простор ѝ оставивме на Англија и за малку ќе поминевме. За жал, на крајот не успеавме, иако поголемиот дел од продолжението го минавме на противничката половина. Примивме гол на неколку секунди пред крајот, и тоа од фудбалер на Реал Мадрид, кому доволни му се само неколку сантиметри за да те казни. На играчите им кажав дека одиграа одличен натпревар, беа фантастични“, рече селекторот на Словачка, Франческо Калцона.