Репрезентацијата на Данска го заврши настапот на Европското првенство со пораз од 2-0 од домаќинот на Данска, откако само за 60 секунди минаа од рајот до пеколот. Најпрво ВАР-системот му поништи погодок на Андресен, а само една минута подоцна да досуди пенал за Германија откако истиот фудбалер играше со рака во својот шеснаесетник.
Селекторот на Данска, Каспер Хјулманд, со мобилниот телефон во рака им објаснуваше на германските новинари што се случило, но и постави неколку реторички прашања, на кои веројатно само малкумина имаат одговор.
„На Германија ѝ посакувам среќа во продолжение од турнирот, но мислам дека ова е голема штета. Две одлуки против нас го одлучија натпреварот. Тешко ни е. Се работи за сантиметар, може ли ова да биде вистина? Дали технологијата е толку прецизна? Може ли времето на игра прецизно да се одреди? Ова се прашањата на кои немаме одговор. Многупати е кажано дека не можеме да играме фудбал без движење на рацете, а во овој случај дистанцата беше премногу мала. Ова се само две смешни одлуки кои го решија натпреварот. Можеби Германија ќе победеше и без овие одлуки. Одиграа одличен натпревар. Ми се допаѓа екипата и тоа што го прави Јулијан Нагелсман со нив. Им посакувам сè најдобро, но овие две одлуки, ова е смешно“, порача Хјулманд.