Словенците во март ја победија Португалија со 2-0 во пријателски меч во Љубљана и тоа е предупредување за „европските Бразилци“ дека не смеат ни да помислат дека лесно ќе го добијат вечерашниот осминафинален дуел на ЕВРО 2024, иако се големи фаворити на хартија.
Претпазлив треба да биде и Кристијано Роналдо, кој уште нема дадено гол на ЕП во Германија, а гори од желба да стане првиот фудбалер кој постигнал гол на шест европски првенства. Ако Роналдо го совлада Јан Облак, за што квотата во Специјалниот сингл на Sport Life е 1.75, а за прв стрелец да биде Роналдо е 3.30, тој нема да смее ни да соблече дрес при прославата за да не добие картон.
Доколку Кристијано добие жолт картон вечерва, тоа ќе значи дека нема да игра во четвртфиналето против Франција или Белгија и за него ЕВРО 2024 може и да заврши вечерва, дури и ако Португалија ја елиминира Словенија.