Седмото пролетно коло на Спортска прогноза ќе биде најголем предизвик досега за прогнозерите. Дерби-натпревари во сите топ 5 лиги во Европа, а меѓу поинтересните ќе биде саботната градска пресметка меѓу Тотенхем и Арсенал.
Ќе се бие битка за превласт, севернолондонските екипи по третпат сезонава ќе ги одмерат силите откако поделија по еден триумф во претходните две средби. Арсенал со 4-2 беше подобар на „Емирати“ во рамки од Премиер лигата, додека Тотенхем на истиот терен славеше со 2-0 во четврт-финалето на Лига купот.
Земајќи ги предвид сите натпреварувања, низ историјата овие две екипи меѓусебе одиграле 197 натпревари. Подобар учинок имаат „топчиите“, 81 победа е во нивна корист, „петлите“ се радувале 64 пати, додека 51 меч завршил без победник. Иако Тотенхем сезонава е поефикасен на гости отколку пред својата публика, речиси редовно постигнува два гола против градскиот ривал. Арсенал и Емери се тие што треба да му ја мислат, надвор од „Емирати“ не играат како што посакуваат, а потврдуваат четирите порази од последните шест меча на кои биле во улога на гости.
Драма нема да недостасува, во овие дуели редовно има жар меѓу играчите. Остри стартови, картони, исклучувања, тепачки, но и екстра голови се зачините кои го прават ова дерби едно од најгледаните во Англија.
Средбата на „Вембли“ е закажана во 13:30 часот, а со тоа воедно ќе се заврши и прогнозирањето за седмото коло.
НЕ ПРОПУШТАЈТЕ НИТУ ЕДНО КОЛО
Стартувајќи од 15-ти јануари 2019 година, започна и натпреварот во Генералниот пласман, во кој се собираат вкупно поените од сите типувања за секое одделно коло, па сè до последното коло од Спортска прогноза со почеток на осми мај 2019 година. Генералниот пласман има посебен награден фонд, независен од наградите за секое поединечно коло на Спортска прогноза.
1. место: Mi Електричен тротинет
2. место: Велосипед Capriolo Passion Men
3. место: Ваучер од 1000 денари во Sport Life обложувалници
4. место: Ваучер од 500 денари во Sport Life обложувалници
5. место: Ваучер од 300 денари во Sport Life обложувалници