7117 Коприва – Ѓоковиќ (16.00 часот)
Чехот Коприва е 123-ти на АТП-листата, мина три кола од квалификациите за да дојде до главниот турнир на Вимблдон, во последното квалификациско коло со 3-1 беше подобар од Ришар Гаске, а шансите за сензационална победа му се само теоретски, големо прашање е дали може да освои и сет против големиот фаворит. Проблемот на Ѓоковиќ е што не играл еден месец, имаше операција на коленото и веројатно не е на 100%, но и таков е огромен фаворит. Тука опциите се да се игра на точен резултат 3-0 или 3-1 во сетови, сè друго би било сензација или на број на гејмови.
Предлог тип: 2 & >28.50 гејма (1.96)
3563 Валмиера – Рига ФЦ (17.00 часот)
Ова е дуел на третата Валмиера и втората Рига на табелата во летонското првенство. Гостите се благи фаворити, имаат шест бода повеќе, но на терен се три затоа што Валмиера сезонава тргна со казна и минус од три бода. Рига има шест победи и едно реми во последните седум кола, додека за Валмиера, која беше разбиена од лидерот РФС во минатото коло, заврши победничката серија од седум триумфи едноподруго. Последните три меѓусебни дуели на овие екипи завршуваа со резултати 1-1 или 2-1.
Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.55)
6817 Романија – Холандија (18.00 часот)
Победникот од овој дуел во четвртфиналето ќе игра со Австрија или Турција, па победа вечерва може да им отвори пат и до полуфиналето. Романците одиграа фантастично на стартот против Украина, а потоа се вратија во реалноста само со еден бод на следните два меча. Двата тима дадоа по четири гола во првата фаза и освоија по четири бода. Според имињата, Холандија е фаворит, но на средбата со Австрија се виде дека имаат проблеми во одбраната. Кај Романците ќе го нема левиот бек Банку, кој одлежува суспензија. Последната победа на Романија над Лалињата била во 2007 година.
Предлог тип: 2 & 2-4 (2.07)
6818 Австрија – Турција (21.00 часот)
Австрија пријатно изненади со освојување на првото место во група во која беа и Франција и Холандија, па сега имаат прилика да стигнат до четвртфинале, зошто да не и полуфинале. Австрија на ЕВРО 2024 загуби од Франција, а ги доби другите два меча, и Турција загуби од Португалија, додека славеше со другите два противника. Хендикеп за Турците ќе биде отсуството на капитенот Чалханоглу. Во март во пријателски меч Австрија во Виена ја растури Турција со 6-1 и тоа може да биде дополнителен мотив кај Турците да се реваншираат, додека на Австријците им влева самодоверба.
Предлог тип: ГГ & 3+ (2.35)
4259 Гојас – Америка МГ (23.30 часот)
На оваа средба од втората бразилска лига, Гојас бара излез од кризата (во последните четири кола освоија само еден бод). Америка од Бело Хоризонте е втора на табелата и со победа би се искачила на прва позиција. Но, и гостите играат променливо, во последните три кола имаа и победа и пораз и реми. Гојас има подобра гол-разлика од Америка, но Гојас има четири бода помалку од вечерашниот противник. Гојас дома нема пораз во 2024 година, последен пат загубија кога беа прволигаши.
Предлог тип: 1Х & 1-3 (2.06)