Официјално: Некогашниот верен вардарец стана член на Еурофарм Пелистер

Еурофарм Пелистер во своите редови го доведе Србинот Илија Абутовиќ, 35-годишниот ракометар кој е специјалист за игра во одбрана, добро е познат во Македонија затоа што од 2011 до 2018 го носеше дресот на скопски Вардар со кој во 2017 година стана и европски првак.

Дефанзивецот доаѓа во Битола од француската лига, каде што го носеше дресот на Шартр, а договорот со битолчани му е на една сезона.

Абутовиќ има една европска клупска титула, пет освоени првенства на Македонија, титули од српските шампионати и Куп, како и четири изданија на СЕХА-лигата. Абутовиќ во Битола официјално ќе биде претставен кога ќе се приклучи на подготовките, кон крајот на месецов.

 

- Оглас -

Најнови вести