Одличен фудбал се игра во второто полувреме на последното осминафинале на Европското првенство во Германија помеѓу Австрија и Турција.
Турците по првиот дел имаа водство од 1-0 со голот на Демирал во 58-мата секунда, а истиот фудбалер по слично сценарио и по корнерот на Арда Ѓулер во 59-тата минута зголеми на 2-0.
Сепак, само седум минути подоцна, Австрија се врати во игра. Голот на Грегорич во 66-тата минута беше трет на овој натпревар кој паѓа по корнер, овојпат по оној кој го изведе Пош. На 20-тина минути пред крајот на мечот во Лајпциг, Турција има водство од 2-1.