Репрезентацијата на Турција е последниот четвртфиналист на Европското првенство во Германија откако ја победи Австрија со 2-1. Мирхан Демирал постигна два гола, додека почесниот погодок за Австријците беше дело на Грегорич.
Сепак, натпреварот можеше да има различен епилог доколку ударот на Баумгартнер со глава во 94-тата минута завршеше во мрежата на Турција. Последната пречка пред продолженија беше голманот на Турција, Мерт Ѓунок, кој со фантастична одбрана ја исфрли топката од самата гол-линија во корнер.