Украинскиот фудбалски првак Шахтар Донецк одлучи мечевите од Лигата на шампионите во новата сезона како домаќин да ги игра на стадионот во Гелзенкирхен, Германија. Популарната „Ауф Шалке арена“ е дом на германскиот второлигаш Шалке. Тој стадион е и меѓу стадионите кои се домаќини на Европското првенство, а собира повеќе од 60.000 гледачи.
Шахтар сигурно ќе игра во групната фаза и барем четири средби ќе биде домаќин, и тоа во Гелзенкирхен. Од 2022 година, поради војната во Украина, Шахтар не може да игра во Украина. Во својот Донецк нема играно во групната фаза во ЛШ повеќе од 10 години.
Минатата сезона Шахтар како домаќин играше во Хамбургер, кој исто така беше дел од втората лига во Германија, додека една сезона претходно украинскиот гигант во ЛШ како домаќин настапуваше на стадионот во Варшава, Полска.