Поразот од Холандија во осминафиналето на Европското првенство во фудбал не ги депримира премногу Романците, тие во стил на Јапонците имаа нерви и да ја „светнат“ соблекувалната во која беа сместени на „Алијанц арената“ во Минхен.
Навистина убав гест кој предизвика воодушевување.
Освен што темелно ја исчистија соблекувалната, која по нивното заминување изгледа како нова, оставија и писмо на романски и германски јазик во кое се заблагодаруваат за гостопримството и за убавите искуства кои ги носат со себе по првенството.
Пофалба за Романците дојде и од УЕФА.
„Совршени гости. По елиминацијата од ЕВРО 2024, Романците ја напуштија соблекувалната во Минхен без ниту една дамка и оставија емотивно писмо за германските домаќини“, објавија од УЕФА на социјалните мрежи.