Светското првенство во 2026 година, кое ќе се игра во САД, Мексико и Канада, е причината поради која Американците се решени да вложат многу пари во фудбалот, а по неуспехот на Копа Америка, убедени се дека им треба големо име за селектор кој ќе ги води на Мундијалот којшто ќе го играат дома.
Американците имаат средства да тргнат по тренерска ѕвезда, интересен проект е да се биде селектор на голема земја како САД, каде што фудбалот е во развој на играта, а и кодомаќин на СП.
На врвот на листата на желби им се Јирген Клоп и Пеп Гвардиола.
Германецот го напушти Ливерпул и во моментов е слободен, а Гвардиола меѓу редови најави дека можеби ќе си замине од Манчестер сити во 2025 година, по завршувањето на претстојната сезона. Во САД размислуваат и за Томас Тухел, Маурисио Покетино и Јоаким Лев, но предност им се дава на Клоп и Гвардиола.