Обложувалницата Sport Life извади нови квоти за прв стрелец на Европското првенство во фудбал во Германија, а сега фаворит за голгетер на турнирот е Холанѓанецот Коди Гакпо.
Гакпо засега има три гола, исто колку и Германецот Мусијала и двајца играчи чии репрезентации испаднаа, Грузиецот Микаутадзе и Словакот Шранц.
Холандија на хартија има полесен пат до полуфиналето или финалето, па затоа и на Гакпо му се даваат подобри шанси отколку на Мусијала, но тоа не мора ништо да значи.
Пред почетокот на првенството, главни фаворити за титулата најдобар стрелец беа Французинот Мбапе и Англичанецот Кејн. Во моментов Кејн има дадено два, а Мбапе само еден гол.
Интересна ќе биде битката и за признанието најдобар млад играч на ЕВРО 2024, а и на ова може да се обложите во Sport Life. Конкуренцијата е силна, кандидати се Мусијала, Јамал, Белингам, Нико Вилијамс, Вирц, Ѓулер, Педри, Чави Симонс.