Само еден гол делеше еден обложувач од Берово од добивка од над еден милион денари.
Во објект на Sport Life во Берово, во неделата вечерта бил уплатен тикет со можна бруто-добивка дури од 1.394.365 денари. На тикетот има 28 пара од фудбалски натпревари.
На тикетот се мечеви играни во неделата вечерта, во понеделникот и ноќта понеделникот кон вторникот. Од 28-те прогнози, 27 се точни, само една е утната.
Прогнозирана е победа на Португалија против Словенија на квота 1.45, а во регуларниот дел од овој меч од осминафиналето на ЕП резултатот беше 0-0. Само еден гол да дадеше Португалија, ќе беше доволно овој феноменален тикет да биде добитен.