Новак Ѓоковиќ се пласира во третото коло на Вимблдон, но во денешниот меч против Британецот Џејкоб Фирнли работите не одеа како подмачкани за Србинот.
Новак без проблем и рутински ги доби првите два сета со 6-3 и 6-4, имаше и брејк во третиот сет, но Фирнли, кој е 277-ми на АТП-листата, и на турнирот влезе со вајлд-карта, не се предаде и на чудесен начин направи пресврт, добивајќи го сетот со 7-5.
Во четвртиот сет при 3-2 за Фирнли, Британецот имаше 40-15 и две шанси да поведе со 4-2, но Ѓоковиќ се спаси, не му дозволи брејк на противникот и тоа се покажа како клучен момент. Потоа Новак го подигна своето ниво и со 7-5 го доби сетот за конечна победа од 3-1.
Во третата рунда, седумкратниот победник на Вимблдон ќе се сретне со Попирин од Австралија, кој во пет сета го совлада 30-тиот носител, Аргентинецот Ечевери.