Македонскиот фудбалски првак Струга Трим Лум доведе уште едно засилување на голманската позиција. Нов член на стружани е досегашниот голман на Македонија ЃП, Христијан Стевковски.
По ангажманот на поранешните македонски репрезентативци Стефан Спировски и Кире Ристевски, официјална промоција во дресот на Струга ТЛ денеска имаше и Христијан Стевковски.
Дваесет и петгодишниот голман треба да биде замената за Ведран Ќосевски. Претходно клубот го ангажира и Босанецот Филип Дујмовиќ.