Херојот на Турција од осминафиналниот дуел со Австрија, дефанзивецот Мерих Демирал, кој ги постигна двата гола за триумф од 2-1, доби суспензија од два натпревари од УЕФА откако против него беше поведена истрага за прославата на головите. Тој го покажа знакот на „сивите волци“.
Гестот на Демирал УЕФА го оценила како „политички“, а проценката е дека прикажувал политички симболи. Знакот што го покажа Демирал е всушност симбол на турските десничарски екстремисти. Токму поради ова Демирал ќе мора да паузира на два меча.
Ова значи дека Демирал нема да може да игра во четвртфиналето против Холандија, па дури и во полуфиналето, доколку Турција успее да ги мине „лалињата“.