Емилијано Мартинес повторно е херој на Аргентина откако одбрани два пенали и ја донесе победата над Еквадор за пласман во полуфиналето на Копа Америка. Лаутаро Мартинес во 35-тата минута го донесе светскиот шампион во водство од 1-0, а Енер Валенсија во 62-рата не успеа да реализира пенал. Сепак, Еквадор се спаси од пораз во 92-рата минута преку Кевин Родригес.
На Копа Америка не се играат продолженија, освен во финалето, па мечот продолжи со изведување на пенали. Кај Аргентина прв шутираше Лионел Меси, кој се обиде со паненка, но иако го измами голманот, топката заврши во пречката. Сепак, тука на сцена стапи фантастичниот голман на Аргентинците, Емилијано Мартинес, кој ги одбрани пеналите на Анхел Мена и Алан Минда во првата и втората серија и така ја однесе својата репрезентација во полуфиналето.
Аргентина сега на патот до одбрана на трофејот на Копа Америка ќе го чека подобриот од дуелот помеѓу Венецуела и Канада, каде што несомнено ќе биде фаворит за пласман во големото финале.