Светските медиуми пренесоа информација дека дефанзивецот на репрезентацијата на Турција, Мерих Демирал, е суспендиран на два натпревари поради покажување на симболот на организацијата „сиви волци“ при прославата на головите против Австрија, но стигна демант од Фудбалскиот сојуз на Турција.
Од таму се вели дека УЕФА сè уште нема донесено одлука бидејќи рокот за доставување изјава од турска страна истекува денес, а одлуката не може да биде донесена пред прибирање на сите докази и изјави.
Сепак, извесно е дека херојот на Турција го чека казна поради испраќање политички пораки, со оглед на тоа дека „сивите волци“ се организација која е забранета во Европа и се смета за паравоена. Демирал по натпреварот изјави дека не се кае поради потегот и со нетрпение чека повторно да го покаже симболот на организацијата која се бори за обединување на сите турски територии и народи.