Домаќинот на Европското првенство, селекцијата на Германија остана без место во полуфиналето на континеталниот собир, откако со 1:2 загуби од Шпанија. Драматична беше завршмицата на дуелот, а секако не може да остане без контроверзна судиска одлука.
Германија даде гол за 1:1 во 89 минута и се избори за продолжувања. Во дополнителните 30 минути, домаќинот нападна да даде и втор гол, а во 105 минута се случи една сомнителна ситуација.
Џамал Мусијала беше во гол шанса и шутираше од околу 17 метри, но негпвиот удар заврши во раката на Марк Кукуреља. Германците веднаш реагираа и бараа пенал, но англискиот судија Ентони Тејлор процени дека играњето со рака не е намерно и едноставно дека немало пенал.
Факт е дека шутот на Мусијала можеше да заврши и во голот на Шпанија, но англискиот арбитар кој во 738 мечеви во кариерата има досудено 233 пенали, овојпат реши дека нема можност за пенал.
Откако ова не беше пенал, Шпанија во финишот, односно во 119 минута даде гол и ги шокираше домаќините на ЕП.