Нема голови по првото полувреме на дуелот меѓу Португалја и Франција во дуел кој треба да го даде вториот полуфиналист на ЕП 2024. Досадни беа првите 45 минути во кои имаше само еден директен удар кон противничкиот гол и тоа го упатија Французите.
Двете селекции многу калкулираа, многу повеќе внимаваа да не направат некоја грешка и затоа најреално е тоа што засега нема погодоци. Португалците изведоа пет корнери, тие повеќе го имаа и поседот на топка (60 отсто), но тоа не донесе конкретна предност за Кристијано Роналдо и соиграчите.